MAKE-UP ТРЕНД: Жолта сенка на очите

Кај корисниците на Instagram секојдневно можат да се забележат нови трендови, но овој посебно се издвојува. Тоа е нанесување жолта сенка на очите.

Има различни варијации на жолтата боја, како бојата на сонцето, на сенфот, лимонот, куркумата и слично. Буквално секој може да ја нанесе оваа боја, но внимавајте нијансата да Ви прилега на тенот.

Треба да знаете дека доколку жолтата сенка сакате да Ви дојде до израз, сè останато на лицето мора да биде совршено. Тоа значи порцелански тен, совршено средени веѓи и руменило во боја на праска.

2-2

Доколку имате светол тен одберете пастелно жолта, а доколку пак, имате темен тен одберете ја бојата на сенфот. Изгледот можете да го дополните и со црн туш за очи. Доколку жолтата сенка е премногу за Вас, тогаш можете да нанесете само туш за очи со жолта боја или пак, нанесете жолта сенка кај внатрешниот агол на окото, а кај надворешниот нанесете некоја земјена нијанса.

Ако сте доволно храбри, жолтата сенка можете да ја нанесете на целиот очен капак за целосно внимание на очите. Вака нанесената сенка можете да ја комбинирате со бургунди боја на кармин.

 

Е.С.

 

photos/ pinterest.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.