Вистински избор на „nude“ лак за нокти

Голем број жени се  двоумат при изборот на nude  лак за нокти кога ќе се најдат во козметичките продавници. Изборот на nude лакот е исто толку тежок, колку што е изборот на нијансата на пудрата за лице.

Токму поради оваа причина Ве советуваме да го купите совршениот лак за нокти според подтонот на кожата.

2

СПОРЕД ТОНОТ НА КОЖАТА

Тонот на кожата ја претставува темната или светлата боја на кожата која е видлива за сите.

Блед/светол тон на кожата. Бирајте провидни лакови со слаба нијанса на бледо беж или бледо розова боја.

Средно светол тон на кожата. Ќе Ви одговараат нијанси на лакови со боја на бело кафе и светло беж нијанси.

Темен тон на кожата. Употребувајте нијанси на лакови кои ќе бидат контрастни од тонот на кожата, како розови или тонови на боја на праска и боја на млечна карамела.

 

СПОРЕД ПОДТОНОТ НА КОЖАТА.

Подтонот на кожата е онаа специфична поднијанса на кожата на рацете. Може да биде топол, ладен, неутрален или маслинест.

Топол подтон на кожата. Бирајте светло беж нијанси, светла боја на карамела, боја на бело кафе, светла нијанса на боја на праска.

Ладен подтон на кожата. Бирајте светли нијанси на розова.

Неутрален подтон на кожата. Можете да ја одберете било која нијанса од топлиот и ладниот подтон на кожата.

Маслинест подтон на кожата. Бирајте темни беж нијанси на лакови за нокти.

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

 

photos/pinterest.com