Вкусно: Запечен пудинг со ориз

Овој пат оризот ќе го подготвиме во блага варијанта. Овој рецепт потсетува на сутлијаш, но со дополнително додадени состојки, а воедно и печен. Подгответе го за десерт.

2-2

Потребни состојки:

0,5 л млеко

110 гр ориз

2 жолчки

300 мл слатка павлака

100 гр шеќер

Рендана кора од лимон

Цимет

Ванилин шеќер

Морско оревче

3-3

Начин на подготовка:

Во тенџере се мешаат сите состојки, освен жолчките. Тенџерето се става на оган да се вари околу 5 минути на средна температура, а потоа се остава да отстои околу 15 минути.

Во друг сад се матат жолчките и се додаваат во тенџерето.

Смесата се префрла во длабока тепсија, претходно премачкана со маргарин, убаво се порамнува и се наросува со рендано морско оревче. Се става да се пече на 160° С, 40 минути, додека оризот не се омекне и запече одозгора.

Оставете го да отстои 10 минути, па сервирајте.

На здравје!

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

Photos/ dimitrisskarmoutsos.gr, taste.com.au, keeprecipes.com