Негативните страни на „рускиот“ маникир

Рускиот маникир станува се повеќе популарен оваа година. Освен „Руски маникир“ може да се сретне и под називот „equipment“ или „e-file“ маникир.

Кај класичниот маникир, кожичката околу ноктите т.е. кутикулите се туркаат навнатре со помош на специјално обликувано дрвено стапче, додека пак, кај рускиот маникир кутикулите се отсекуваат со помош на брусилка со повеќе додатоци. Отстранувањето е доста темелно.

2-2

Стручно кажано се отстрануваат проксималните набори, кутикули и страничните ѕидови врз и околу ноктот, кои всушност ги штитат ноктите од навлегување на бактерии. При нивно отстранување, со цел ноктите да изгледаат многу поубаво, се ризикува од појава на инфекции на ноктите.

По рускиот маникир, кожата околу ноктите секако, расте повторно, а тоа доведува до повторна употреба на оваа техника.

Оваа техника не треба да ја спроведува никој кој нема поминато обука и нема лиценца за тоа. Приборот со кој се работи треба да биде стерилизиран, за да не може да се пренесат бактериите од една личност на друга.

 

Е.С.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

Photos/ brigitte.de, tutorial-nail.com, nailsmag.com, youtube.com