Книга на неделата: „Глен – Супермен“

Глен – Супермен 

Автор: Александар Кујунџиски (текст) и Васко Ташковски (илустрации)

Ова заедничко дело на писателот Александар Кујунџиски и на светски познатиот македонски сликар, академикот Васко Ташковски, содржи вкупно 25 кратки прозни текстови бајки проследени со исто толку илустрации/слики. (Впрочем, одделните „поглавја“ од сликовницава, обележени и со засебни наслови, слободно и оправдано е да се терминираат и како една комплетна бајка, како еден бајковит „мал роман“, како еден своевиден сплет – ѓердан нанижан од 25+25 „китки“, кои оформуваат вистински многуцветен венец…)

Врвно уметничко сочинение на двајца реномирани и безброј пати досега потврдени и докажани уметници: сликар – креатор со магичноста на сликарската четкичка и со колоритот на боите, кој и овој пат и овде се возвишува до бескрајот на вселената; и писател – бајкописец, кој на еден мошне необичен, оригинален и модерен стил, во темелот на делото и во неговата севкупна совршеност ги вѕидал волшепствата и силината на пишаниот збор.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.