4 поинакви начини за употреба на бронзер

Бронзерот е мултифункционално парче шминка во кое треба да се вложи. Можете да го контурирате лицето со него, долготраен е на кожата и овозможува изглед како да сте „бакнати“ од сонцето. Но, бронзерот може да се употреби и на 4 други начини.

2-2

Наместо руменило. Кога немате доволно време за нанесување на шминка во сите чекори, а не сакате од дома да излезете со бледи образи, нанесете бронзер наместо руменило. Се нанесува на истиот начин како руменилото, а потоа со четката поминете и преку слепоочниците. Ова особено добро одговара на маслинест и жолтеникав подтен на кожата.

Како сенка за очи. Тука можете да употребите два вида на бронзер, секако доколку имате. На целиот очен капак нанесете мат бронзер, а потоа нанесете светкав бронзер на движечкиот дел од капакот, над трепките. Овој начин на шминкање на очите моментално е „ин“ благодарејќи на трендот на топли и металик нијанси на сенки.

За визуелно стеснување на носот. Земете сплосната четкичка за нанесување сенка и со помош на мат бронзер нанесете го со две линии по должината на носот, добро изблендирајте и ќе забележите дека носот висуелно се стеснил.

За контурирање на деколтето. Доколку обожавате да носите блузи и фустани со длабоко деколте, овој трик ќе Ви овозможи уште поубав негов изглед. Земете танка коса четка за контурирање и мат бронзер. Со четката преминете преку клучните коски, преку двете страни на вратот и над градите. Потоа, изблендирајте го нанесениот бронзер, да не се гледаат линиите.

 

Е.С.

 

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

photo/janeiredale.com, pinterest.com