Како до совршено фигаро за обликување на коса

Правилниот избор на фигаро за виткање на косата значително може да го намали бројот на посети на фризерски салон.

2-2

За Вашиот изглед да биде приближен до професионален, пред да го купите фигаото морате да ги знаете овие работи:

Материјал. Различни фигара се изработени од најразлични материјали, како метал, керамика, турмалин или титаниум. Најдобро, но и најскапо е титаниумското фигаро, потоа следи керамичкото, а најлошо е металното. Металот доведува до оштетување и горење на косата.

Температура. Голем дел од фигарата имаа копче за регулирање на температурата и дисплеј за нејзино читање. Ако имате густа коса и дебело влакно, гледајте фигарото да има опција за загревање и над 200° С. Ако пак, имате тенка и слаба коса потребно Ви е фигаро кое ќе загрева максимум до 200° С.

Ширина на фигарото. На пазарот можете да најдете фигара со најразлична дебелина од 16 мм, па дури до 6 см. Затоа, важно е да знаете колкави сакате да Ви бидат локните. Доколку сакате танки и ситни локни одберете го најтесното фигаро, а доколку сакате широки локни, тогаш одлучете се за она со пошироки димензии. Наш совет е да одберете тесно фигаро доколку имате кратка коса, а пошироко фигаро за долга коса.

Со штипка или без. Фигарото со штипка е одлично за стилизирање на косата, бидејќи нема да имате потреба да ја држите косата со другата додека таа се загрева. Од друга страна пак, фигарото без штипка е одлично за здравјето на косата, особено на врвовите бидејќи тие последни се замотуваат околу него, па на тој начин се овозможува нивна заштита од оштетување. Исто така, нема да оставите прекршен дел на праменот од штипката, а и подобро ќе можете да дојдете до коренот на косата. доколку се одлучите за оној без штипка, Ве советуваме да носите ракавица која ќе Ве заштити од топлината.

3-3

Облик. Фигаро во вид на конус има тенок крај и широка база што овозможува локните да бидат пошироки кај коренот, а потесни кон врвот. Фигаро во вид на цилиндар – рамно овозможува локни со еднаква ширина. Спирално фигаро има тенки спирални прегради меѓу кои се мота праменот. Фигаро со топчеста цевка овозможува природен изглед на локните без дефиниран облик.

 

Е.С.

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

Photos/ yourbeauty411.com, ipsy.com, pinterest.co.uk