Насоки за бојадисување на косата за прв пат

Без разлика на тоа дали ќе вадите прамени или целосно ќе ја бојадисате косата, самиот процес и новата промена се возбудливи. За бојадисувањето на косата за прв пат да биде успешни, Ви даваме неколку насоки:

Бојадисување во салон. Ве советуваме Вашето прво бојадисување на косата да биде во салон, кај стручно лице. Заборавете на „направи сама“ експериментите, затоа што сигурно ќе останете разочарани. Кога првично ќе ја офарбате косата, наредните бојадисувања може да ги правите во домашни услови.

2-2

Размислете за новата боја. Доколку веќе сте одлучиле која ќе биде новата боја, тогаш нема да имате дилеми, но, доколку не знаете што да правите со Вашата коса, Ви предлагаме да не правите драстични промени. На Instagram и Pinterest можете да добиете инспирација за Вашата нова боја. Сликите можете да му ги покажете на Вашиот стилист и разговарајте со него дали воопшто ќе можете да ја постигнете таа нијанса.

Фабрајте се со нечиста коса. Секој стилист би Ве советувал да дојдете со немиена коса пред да се бојадисувате. Доколку ја измиете косата, може да се создаде реакција од остатокот од шампон и фарбата. Оваа хемиска реакција може да предизвика чешање на кожата на главата.

Потхранете ја косата пред бојадисување. Кога ќе ја миете косата 2-3 дена пред закажаниот термин за бојадисување, потхранете ја со хидратантна маска која ќе ја држите барем половина час пред да ја исплакнете, со најлонска кеса. На овој начин ќе ја подготвите косата за агресивниот третман при бојадисувањето.

Фарбаната коса добива волумен. По бојадисувањето косата ја променува текстурата и добива волумен. Тоа е затоа што фарбата ги отвора фоликулите на влакното, што овозможува набабрување на влакното.

Промена во негата на косата. По бојадисувањето ќе морате да ја промените и негата на косата. Ќе морате да си набавите шампон, регенератор, маска наменети за фарбана коса. Определете се за производи кои ќе ја негуваат и бојата и влакното.

Бањање во море или базен. Солта од морето може да го исуши влакното, а хлорот во базенот може да предизвика промена на нијансите на косата. ова можете да го избегнете доколку пред влегување во море или базен претходно ја наквасите косата со обична вода и да нанесете leave-in регенератор во спреј. Тоа ќе овозможи да се потполнат сите дупки кај кутикулите на влакното, со што ќе ја спречи солта или хлорот да навлезат во нив и на тој начин да предизвикаат штета.

3-3

 

Е.С.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

 

Photos/ salonpinkhair.com, sheknows.com