Тренди фризура за мажи со кадрава коса

Станува збор за фризура која ќе остави долготраен впечаток кај другите. Се дава особен акцент на кадравата природна коса, додека страните и задниот дел на главата остануваат кратко потстрижани.

Не ставајте премногу од препаратите за виткана коса и не употребувајте чешел. Едноставно, со малку препарат намачкан на прстите, преминете со нив низ косата без да ги растурите локните.

Ова е неформален стил на фризура, кој изгледа малку неуредно, но е полн погодок доколку сакате да бидете со чекор со модните трендови.

Е.С.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

photos/pinterest.com