Едноставна и брза маска против акни

Едноставна и брза маска против акни и митисери. Искористете дел од своето слободно време за да ја направите оваа брза маска за лице која ќе Ви помогне во борбата со акните и митисерите.

За оваа маска ви се потребни следните состојки : 2 банани, мед, лимон.

Едната банана се сецка ситно во обичен сад, медот (природен) се попрскува врз бананите а потоа половина лимон се цеди врз претходно ставената смеса од банана и мед. Почнете да да ја мешате смесата а потоа може да ја исецкате и другата банана врз смесата и повторсно да мешате додека не се направи потечна смеса како на видеото.  Потоа ставете ја маската на лицето, односно таму каде што најчесто имате проблеми со акните и митисерите. Овие состојки ќе ви помогнат против маснотијата на лицето(мед), лузните од акни (лимон)  при што Вашата кожа изгледа поубаво и понегувано и ќе биде нахранета со моќните состојки на бананата.

* Погледнете како да ја подготвите оваа маска во ВИДЕО.

Ц.Б.