ДОМАШЕН ЛОСИОН КОЈ ЈА ЛАДИ И ХРАНИ КОЖАТА

ДОМАШЕН ЛОСИОН ЗА ТЕЛО КОЈ ЈА ЛАДИ И ХРАНИ КОЖАТА

Стандардните производи за нега на кожата понекогаш не се доволно добри или не се доволни, па токму затоа Ве советуваме да си подготвите домашен лосион за нега на кожата.

Овој лосион се состои од бадемово масло, хидролат од лаванда и масло од пеперминт.

Бадемовото масло има својство да ја потхрани кожата. Хидролатот од лаванда всушност претставува чиста течност директно добиена од лаванда по пат на дестилација со водена пареа. Во недостаток на хидролат, можете да употребите дестилирана вода. Етеричното масло од пеперминт има смирувачко дејство врз кожата, а воедно ѝ овозможува ладење.

2-2

Потребни состојки:

70 мл бадемово масло

30 мл хидролат од лаванда

15 капки есенцијално масло од пеперминт

 

Начин на поготовка:

Сите состојки сипете ги во шишенце од најмалку 100 мл. Добро протресете го шишенцето со цел да се измешаат маслата и нанесете на кожата по туширање или во текот на денот кога и да посакате.

 

Е.С.

 

photos/ nefertaribodycare.com, amina-mag.com, etsy.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.