Книга на неделата/По трагата на белиот грифон

 По трагата на белиот грифон 

Автор: Стефан Марковски

Поетската книга „По трагата на белиот грифон“ од Стефан Марковски претставува зрело остварување на млад автор. Во него се мешаат митологијата и современието, имагинарното и реалното, игриво обликувајќи ги постојните и непостојните светови. Петта поетска збирка на Марковски. Компилира 45 песни неподелени во циклуси. Комбинација на митологија, револуција, анархија, богови, земјени самовили и Недојдија. Дали митолошките суштества наоѓаат место во реалноста? Дали шетаат меѓу нас? Но само со „луцидна халуцинација“ можеме да ги забележиме и да ги почувствуваме.  Марковски гради игрив облик на (не)постојните светови!

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

 

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.