6 ПАРЧИЊА МАТЕРИЈАЛ ВО КОИ НЕМА ДА СЕ ПОТИТЕ

Сите добро знаеме дека парчињата облека изработени од полиестер, се најлошиот избор за носење во лето. Полиестерот не ѝ дозволува на кожата да „дише“, па на тој начин ја задржува толпината. Ви ги претставуваме материјалите кои можете да ги носите на себе во текот на топлите денови, а притоа да не Ви предизвикуваат потење:

Памук. Памукот е број 1 избор на материјал за носење во текот на летото. Овој материјал не ја задржува топлината, ја впива влагата од телото и притоа го активира нејзиното испарување.

Вискоза. По хемискиот состав е многу слична на памукот. Се изработува од остатотк од целулозни влакна. Токму затоа е многу пријатна за носење.

slika-2

Лен. Ленот е најлесниот материјал за носење кој одлично го пропушта струењето на воздухот до телото и на тој начин не предизвикува потење.

Свила. Кај свилата, одлична карактеристика е тоа што во летниот период лади, а во зимскиот топли. Материјалот е лесен, мек и пријатен на телото. Единствена маана е тоа што доколку се испотите, материјалот ќе се „залепи“ за Вашето тело.

Шифон. Овој материјал доколку е изработен од мешавина на памук и свила, тогаш е најдобриот материјал за носење во текот на топлите летни денови. Од овој материјал најчесто се произведуваат фустани.

Кепер. Овој материјал најчесто се изработува од памук или негови мешавини. Доколку во текот на летото сакате да носите долги панталони, тогаш изборот нека падне на панталони изработени од овој материјал.

 

Е.С.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

Photos/pinterest.com, peoplesdesignlab.org