„Smoothie“ со малини и зелено јаболко

Ова smoothie со боја на рубин содржи огромен број нутриенти во една чаша. Брзо е за подготовка, па Вашиот појадок можете веднаш да го испиете. Малините се одличен извор на фитонутриенти, диетски влакна, витамин Ц и манган.

 

2-2

Потребни состојки:

½ шолја кокосова вода

2 банани

1 зелено јаболко

2 шолји малини, може и замрзнати

4-5 коцки мраз

 

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со малинки.

На здравје!

Е.С.

 

photos/ readersdigest.ca, jessicagavin.com, bakerbynature.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.