Панталони со преден шлиц / галерија

Без разлика на тоа дали ногавиците на панталоните се широки или тесни, панталоните кои имаат преден шлиц на ногавиците имаат исклучително женствен и елегантен изглед. Предниот шлиц овозможува ѕиркање на глуждовите и колената, а со тоа и поголема видливост на поголем дел од ногата што овозможува доста привлечен изглед. Може да се каже дека ваквите панталони можат да го заменат здолништето задржувајќи ја практичноста на панталоните.

На пазарот можете да најдете најразлични модели од едноставни и секојдневни, до елегантни. Можете да ги комбинирате со сандали на висока и ниска пета, патики, чевли или салонки.

Разгледајте ги идеите од Pinterest и пронајдете си ја омилената комбинација:

Е.С.

 

photos/pinterest.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.