Употреба на хидроген 3% во „beauty“ рутината

3% хидроген кој што го чуваме дома во за прва помош, може да помогне и при секојдневната рутина поврзана со убавината и негата.

За сите совети кои ќе ги прочитате во продолжение, употребувајте исклучиво 3% хидроген купен од аптека. Во спротивно може да се здобиете со иритации.

Природен дезодоранс. Доколку сакате да го избегнете непријатниот мирис на телото на природен начин, 3% хидроген е идеално решение за тоа. Начинот на употреба е едноставен, само напрскајте се под пазувите со него. Тој ќе ги отстрани сите бактерии кои предизвикуваат непријатен мирис, а Вие ќе се чувствувате свежо во текот на целиот ден.

За третирање на акните. На истиот начин на кој ги дезинфицира раните, 3% хидроген е одличен и при дезинфекција на воспалението на лицето. Измешајте 1 супена лажица 3% хидроген и 2 супени лажици вода и со памук нанесете на целото лице. Оставете да се исуши, а потоа исплакнете со ладна вода и нанесете хидратантна крема.

За избелување на забите. Направете своја паста за избелување на забите на следиов начин. Во мал сад измешајте 1 кафена лажица сода бикарбона и ½ кафена лажица 3% хидроген. Треба да добиете густа смеса. Четкајте ги забите со оваа смеса 1 минута. Доколку имате осетливи заби, додадете уште малку вода. Со оваа смеса можете да ги миете забите еднаш неделно.

2-2

За избелување на ноктите од лакот. Многу често ноктите остануваат жолти после нанесувањетона темна боја на лак. Со 3% хидроген можете да си ја вратите природната боја на ноктите. Едноставно, земете памук, натопете го со хидрогенот и пребришете ги ноктите.

За осветлување на косата и намалување на мастењето. Најдобар ефект при осветлување на косата може да се покаже кај оние со руса коса. Всушност, со помош на 3% хидроген подобро можете да ги нагласите природните прамени. По плакнењето на шампонотна косата нанесете смеса од 2 ½ шолја вода со 2 супени лажици 3% хидроген. Не нанесувајте повеќе од еднаш неделно. Истиот овој раствор ќе помогне и при намалување на мастењето на косата.

 

За меки стапала. Доколку имате груба кожа на стапалата можете да ги омекнете на тој начин што ќе ги потопите во раствор со еднакви делови на вода и 3% хидроген.

3-3

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

Photos/ technoglimpse.com, authorityremedies.com, rd.com