„Smoothie“ со малини и бело чоколадо

Овој пат предлагаме smoothie за љубителите на белото чоколадо во комбинација со малини. Оние кои ја сакаат чоколадно-овошната комбинација на вкусови, нека си го подготват овој пијалок уште веднаш.

2-2

 

Потребни состојки:

½ шолја јогурт со вкус на ванила

1 шолја бадемово млеко

5 коцки бело чоколадо

1 шолја замрзнати малини

 

Начин на подготовка:

Искршете го чоколадото на ситни парчиња и заедно со останатите состојки ставете го во блендер. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со свежи малини.

На здравје!

 

Е.С.

photos/ saramcglothlin.com, pinterest.com, internationaldelight.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.