Со јаболков оцет против кршење на ноктите

Многу девојки и жени посакуваат да имаат цврсти, сјајни, здрави и убави нокти и за таа цел користат разни препарати, кои понекогаш е премногу тешко да се изберат.

нега на нокти-2

Сепак, доволен ви е само еден единствен препарат за нега на ноктите, а тој сигурни сме дека веќе го имате во кујната. Тоа е јаболковиот оцет.

Јаболковиот оцет е богат со калиум, калциум, магнезиум и железо. Сè ова што го содржи јаболковиот оцет е доволно за одлична нега на ноктите. Освен тоа, неговата киселост помага при заштита и лечење на габични инфекции на ноктите.

Ви предожуваме лесен начин за употреба на јаболковиот оцет:

Во еден сад сипете еднаква количина на јаболков оцет и вода. Држете ги ноктите во овој раствор 10 мин. дневно. Овој третман повторувајте го секој ден во текот на два месеца.

 

Е.С.