Ретро накит за есен 2018 /галерија

Од сите модни додатоци, накитот секако е најмал, но е највпечатлив. Оваа есен накитот ќе има геометриска форма, и тоа конкретно, ќе има коцкаста или правоаголна форма. Всушност, од целиот накит, станува збор за впечатливи обетки.

Обетките ќе можете да ги носите изработени од најразличен материјал, како метал, пластика, циркони или драгоцени камења, а одлично е тоа што ќе можете да ги комбинирате во спортска, улична или гламурозна варијанта.

Ви предлагаме да погледнете неколку модели кои ќе бидат актуелни, а Ви одберете си го омилениот пар.

Е.С.

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

Photos/ popsugar.com, pinterest.com.refinery29.com