„Последниот чувар на островот Елис“

Книга на неделата

Последниот чувар на островот Елис

Автор: Гаел Жос

Неколку дена пред конечното затворање на Центарот за имиграција на островот Елис во ноември 1954 година, Џон Мичел, последниот жител на островот, пишува дневник во кој тој го раскажува својот живот на овој познат остров. Со многу емпатија и чувства овој чиновник на Федералното биро за имиграција се сеќава на Лиз, неговата сакана сопруга, и на Нела, италијанската емигрантка.

Преку неколку човечки судбини, Гаел Жос говори за судбините на милиони луѓе, кои во името на подобра иднина го оставиле највредното за нив за да пристигнат меѓу карпите на островот Елис, како пристапно место пред влезот во Ветената земја. Авторката се обидува да го отвори прашањето за нивниот престој, нивните долги и исцрпувачки патувања со брод, нивната сиромаштија, нивниот страв дека ќе бидат вратени, токму во моментот кога се толку блиску, сепак далеку од „La Merica“. Нарекуван уште и Остров на надежите и Остров на солзите, островот Елис бил познат и како затворски камп за време и по Втората светска војна, а Џон Мичел е тамошен чувар и сведок на тие ужаси.

Романот е добитник е на Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година.

1-1

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.