„SMOOTHIE“ СО ДИЊА И ГОЏИ БОБИНКИ

Додека сè уште трае летото и дињите се сè уште лесно достапни на пазарот, Ви предлагаме да си подготвите smoothie со диња, праска и гоџи бобинки.

2-2

Потребни состојки:

200 гр јогурт со вкус на ванила

¼ диња

2 праски

2 супени лажици гоџи бобинки

Цеден сок од 1 лимон

5-6 коцки мраз

3-3

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат. Содржината се сипува во две чаши и се декорира со парче диња или гоџи бобинки.

По желба, ова smoothie можете да го сипете и во две чинии и во него да додадете овесни снегулки.

На здравје!

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

photoS/ rawrevive.com, seasonalcravings.com, saltandlavender.com