Кожена јакна со везени цветови/ галерија

Одличната вест за љубителите на кожените јакни е тоа дека оваа есен тие повторно се во мода, но овој пат „ин“ се кожените јакни со везени цветови.

На пазарот можете да најдете кожени јакни во различни бои: црвена, сина, зелена… и секако класичната црна кожена јакна.

Постојат најразлични модели на јакни за љубителите на рок стилот, но не се изоставуваат и оние кои имаат елегантен и префинет вкус.

Ваквата јакна можете да ја комбинирате со секој стил, од секојдневен, односно уличен стил, до елегантен. Можете да ја комбинирате со патики, салонки или чизми.

Во продолжение Ви претставуваме неколку модели на кожени јакни со везени цветови, а на Вас Ви преостанува да ја пронајдете омилената, без разлика на тоа дали ќе биде од еко кожа или од вистинска кожа.

Е.С.

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

Photos/pinterest.com