Книга на неделата: „Снег за двајца“

 Снег за двајца

Автор: Лилјана Дирјан

„Снег за двајца“ е прозно дело на Лилјана Дирјан. Експериментална проза со суптилни елементи на поезија, есеизација и романескна тенденција. Напишана е во форма на дневник меѓу два лика што некогаш биле во љубовна релација.

Снегот, неговата непостојаност, постојана преобразба. Двата лика, Отсутниот и Присутната, ја читаат Марина Цветаева. Дирјан интегрира цитати, делови од писмо на Марина Цветаева напишано до поетот Евгениј Лозман, зимата 1920 година. Секако, покрај Цветаева, Дирјан комуницира и со многу други врвни писатели како Кафка, Бродски, Песоа, Сабато, Бекет, Бела Хамваш, Даша Дрндиќ… Никогаш директно не го открива изворот, туку му препушта на читателот да се движи по оставените траги.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку реземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.