„Smoothie – Парфе“

Подгответе ја Вашата омилена суперхрана во слоеви, на тој начин што ќе добиете превкусно „smoothie парфе“. Можете да го подготвите навечер, да го ставите во фрижидерот, а веќе наутро да имате одличен појадок.

2-2

Потребни состојки:

1 шолја кокосово млеко

1 шолја грчки јогурт

1 супена лажица јаворов сируп

¼ кафена лажица екстракт од ванила

3 супени лажици чиа семе

1 шолја сечкано манго

½ шолја спанаќ

1 шолја мешано овошје (јагоди, боровинки и ананас)

Начин на подготовка:

Во длабок сад се мешаат кокосовото млеко, 2 супени лажици вода, сирупот и ванилата. Потоа се додава чиа семето и добро се промешува. Се остава во фрижидер најмалку два часа, а може и цела ноќ до сабајле.

Наутро Ви останува само во блендер да ги изблендирате мангото и спанаќот со ½ шолја вода.

Во тегличка ставете ред од чиа пудингот, ред сецкано овошје, ред грчки јогурт и ред зелено smoothie.

На здравје!

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

photos/ marthastewart.com