Инспирација: Уредување на поткровје

Доколку живеете во куќа или пак, во стан на последниот кат, многу веројатно е дека ќе имате барем една просторија со закосени ѕидови. Овие простории се малку специфични за уредување, па токму затоа Ви нудиме неколку совети за тоа како плански да го исполните целиот простор.

slika-2

Доколку имате високо поткровје, постои можност собата да ја поделите на две нивоа. Долното ниво може да изгледа како дневна соба на пример, додека пак горното ниво да биде спална соба.

Треба да знаете дека мебелот изработен по мерка е најдобриот мебел за Вашето поткровје. Важно е мебелот да ја прати косината на ѕидовите. Исто така, одлично решение е на пример душекот за спиење да го поставите врз веќе постоечки мебел со полици, фиоки или шкафчиња. На овој начин можете да уредите поткровје со мала квадратура.

slika-2

 

Најдобро би било ѕидовите да бидат обоени во бела боја или некоја многу светла боја како беж, многу светло жолта или розова, со цел да дојде просторот до израз, односно просторот да делува голем. Исто така, ѕидовите можете да ги обоите од половина нагоре со боја, а од половина надолу да бидат обложени со камен или дрво. доколку се одлучите за обложување на ѕидот со тапети, тогаш нека биде обложен само еден ѕид. Доколку сакате ретро стил и секако доколку имате греди на поткровјето, не ги фарбајте гредите во боја, туку оставете му ја природната боја на дрвото.

Одлично би било да ставите шибер врати, за да не зафаќаат простор при отворање/затворање.

slika-3

Необичните ќошиња можете да ги исполните со полици, на кои ќе наредите книги или некакви декорации.

Доколку имате бања на поткровјето, најдобро би било тоа да биде минималистички тоалет, само со wc школка и мијалник или пак, доколку тоа Ви е единствената бања, не мора да ставате када.

 

Е.С.

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

Photos/pinterest.com