Маски за лице со активен јаглен-за или против?

Во последно време популарни се маските за лице со активен јаглен кои се отстрануваат од лицето со лупење. Ваквите маски се рекламирани дека можат слободно да го заменат Вашиот дерматолог, бидејќи тие ја отстрануваат секоја нечистотија од Вашата кожа. Но, повеќето дерматолози сепак тврдат дека освен што ваквите маски за лице се болни за отстранување, тие можат да ѝ нанесат штета на кожата.

2-2

Ваквите маски за лице можат да ѝ нанесат трајни последици на кожата на лицето, како што е депигментација и лузни. Ова особено може да дојде до израз на луѓето со темен тен на кожата. Исто така, ваквите маски не ја хидрираат кожата, туку напротив ја дехидрираат, а притоа, ги отстрануваат и сите природни масти кои ги лачи кожата.

3-3

Како одлична замена за ваквите маски, можете да употребувате маски на база на глина кои се одлични за сите типови на кожа и/или хидратантни маски на база на масла кои ќе ја потхраната кожата.

 

Е.С.

 

photos/ blog.stylewe.com, colorimage.website, barrovolcanicoperlanegra.com.mx

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.