„Pina colada – smoothie“

Со ова smoothie почувствувајте го вкусот на Карипските острови, без да треба да ја напуштите кујната. Го има истиот вкус на Pina colada коктелот, секако без алкохол.

2-2

Потребни состојки:

2 шолји сецкан ананас

½ банана

½ шолја кокосово млеко

½ шолја сок од портокал

½ шолја кокос

1 супена лажица мед

5-6 коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со парче ананас.

На здравје!

3-3

 

Е.С.

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

photos/ gutekueche.at, motherthyme.com, thekiwicountrygirl.com