Нов тренд – „Nude eyeliner“ / видео

Доколку сакате да имате свеж и одморен изглед, а притоа да бидете во тренд, пробајте ја новата нијанса на туш за очи.

Вусшност, ваквата nude Нијанса не постои како туш за очи, туку можете да ја добиете со моливче за очи или пак со коректор. Оваа боја визуелно ги зголемува очите, а притоа прави да изгледате свежи и одморени. Одговара на секој тен на кожа и на секоја боја на коса. исто така, совршен е за секој облик на очи.

За да се постигне саканиот ефект важно е nude тушот за очи да се комбинира со темна сенка. Нанесувањето на оваа боја не бара голема спретност како црниот туш за очи, па не морате да бидете многу прецизни. Значи, лесен е за нанесување. Одличен е и за дневна и за вечерна шминка.

Во продолжение Ви прикажуваме видео каде ќе можете да погледнете предлог како да се нашминкате:

 

Е.С.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.

photos/youtube.com