Книга на неделата: „Бегство од рајот“

Лав Толстој: Бегство од рајот

Автор: Павел Басински

Пред повеќе од еден век во Јасна Полјана се случи настан што го потресе целиот свет. Осумдесет и двегодишниот писател Лав Николаевич Толстој, ноќе, тајно побегна од својот дом во непознат правец. Оттогаш за околностите поврзани со неговото заминување и со неговата смрт настанаа многу легенди и митови…

Познатиот писател и новинар Павел Басински, врз основа на строго документирани материјали, не предлага своја верзија на тој настан, туку негова жива реконструкција. Чекор по чекор можете да ги проследите целиот живот и заминувањето на Лав Толстој, анализирајќи ги причините за неговата семејна драма и таинственоста за потпишувањето на неговото духовно завештание.

Во 2010 година книгата се закити со важната руска книжевна награда „Бољшаја книга“ (Голема книга).

1-1

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.