„Чизкејк – smoothie“

Ова smoothie со вкус на јагоди е исто толку вкусно како и „cheesecake“ колачот. Доколку сте љубители на ваквиот колач, Ви предлагаме да си подготвите вакво smoothie за десерт.

1-1

Потребни состојки:

½ шолја млеко

½ шолја јогурт со вкус на ванила

4 супени лажици слатка павлака

1 шолја замрзнати јагоди

2 супени лажици мед

4 коцки мраз

3-4 бисквити

3-3

 

Начин на подготовка:

Сите состојки, освен бисквитите, ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со дробени или мелени бисквити.

На здравје!

 

Е.С.

photos/ superhealthykids.com , therealfoodrds.com, themanylittlejoys.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.