„Моторџиски чизми“ за урбан есенски изглед

Со доаѓањето на есента, доаѓаат и есенските чизмички до глуждови. Овојпат „ин“ се „моторџиските“ чизми.

Некои од овие модели се повторуваат секоја година, веројатно стануваат модна класика, а некои пак, се сосема нови, со нови детали. Мартинките на пример се вечна класика, што ќе се носат и оваа сезона.

На пазарот можете да најдете чизми со големи и впечатливи каивчиња, моторџиски чизми со дебела штикла, рамни чизми со многубројни нитни, едноставни чизми, без многу додатоци на нив и секако, мартинките.

Овие чизмички одговараат на секој аутфит во секојдневна улична варијанта. Ви нудиме неколку идеи, а Вие одберете си ги омилените:

Е.С.

 

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.

photos/pinterest.com