СПИРУЛИНА ВО ПРАВ–ВОЛШЕБНА ANTI-AGE СОСТОЈКА

Спирулината е една од најпосакуваните додатоци во исхраната, бидејќи содржи многу здравствени придобивки. Освен што е позната како супер-храна, одлична е и за одржување на beauty рутината, посебно кај негата на кожата.

На пазарот може да се најде во вид на прав или како таблета. Спирулината во прав е подобра опција, бидејќи можете да ја измешате во вода или да ја додадете во smoothie и да ја испиете. Исто така, можете да направите и маска за лице од неа.

2-2

Рецепт: се меша 1 кафена лажица спирулина во прав со 1 кафена лажица мед. Ваквата смеса нанесете ја на лицето или на друг посакуван дел од телото, оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Спирулината го подобрува изгледот и текстурата на кожата, ја тонира и се бори против разни знаци на стареење на кожата. Одлична е при регенерација на кожата, односно овозможува побрзо обновување на кожата, побрза замена на старите за нови ќелии.

Таа делува и како природен тоник на кожата, односно ја осветлува и ја подобрува текстурата, бидејќи во себе содржи високо ниво на фосфор и витамини А, Е и Б12. Исто така, делува како анти-оксидант против слободните радикали.

Поради високото ниво на селен, тирозин и витамин Е, спирулината е најмоќната природна anti-age состојка. Тоа значи дека таа влијае и на зголемување на еластичноста на кожата.

3-3

Хлорофилот кој се содржи во неа помага при осветлување на темните кругови околу очите и осветлување на флеките да другите делови од телото.

Помага при воспаленија, отоци и акни. Ги отстранува штетните токсини од кожата, го спречува ширењето и го забрзува зараснувањето на ќелиите на кожата.

 

Е.С.

 

photo1/ capitalfm.co.ke, primaleye.uk, healthline.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.