„SMOOTHIE“ од круша, манго, спанаќ…

Ова smoothie  е перфектен енергетски пијалок направен од вистински органски состојки. Може да се вметне во секоја диета, а воедно е и веганско. Одлично е за оние кои се нетолерантни на лактоза и глутен.

2-2

Потребни состојки:

1 ½ шолја бадемово млеко

1 круша

1 манго

½ банана

1 дланка спанаќ

1 супена лажица чиа семе

1 супена лажица конопово семе

3-4 коцки мраз

3-3

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со парче круша.

На здравје!

 

Е.С.

photos/ skinnyms.com, mealz.com, gatherforbread.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.