Мока фрапучино „smoothie“

Подгответе си вистински „мока фрапучино“ рецепт, но со вистински состојки. Ова е едноставна верзија на „smoothie“ со многу ниско количество на калории, но многу богато и чоколадно.

2-2

Потребни состојки:

1 шолја ладно црно кафе

½ банана

2 кафени лажици какао

1 супена лажица агава сируп

2 супени лажици чиа семе

2 кафени лажици екстракт од ванила

3-4 коцки мраз

Опционално за сервирање: шлаг, чоколаден прелив и чоколаден чипс

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат. Содржината се сипува во чаша и се декорира со состојките за сервирање. Се консумира веднаш.

На здравје!

 

Е.С.

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.

photos/ wellplated.com, divascancook.com, whattheforkfoodblog.com