Книга на неделата: „Седум куќи во Франција“

Седум куќи во Франција

Автор: Бернардо Ачага

„Седум куќи во Франција“ не е историска хроника, туку возбудлива и живописна приказна што преку авантурата на ликовите ја бара вистинската метафора за темната страна на нашиот свет! Амбиентот на овој роман е моралната декаденција во гарнизонот на колонијалните трупи на кралот Леополд II од Белгија на почетокот од дваесеттиот век, во срцето на џунглата во Конго. Лаланд Биран е капетан, но и поет со амбиција да се збогати и да им се врати на книжевните кафулиња во Париз. Неговата жена е уште поамбициозна: сака да поседува седум куќи во Франција, една за секоја година што нејзиниот сопруг ја поминал во туѓина! Фасцинантата лепеза од ликови ќе направи оваа книга да не ја заборавите. Возбудлива црна комедија што ја открива најмрачната суштина на човековите желби.

1-1

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.