„Smoothie“ со цвекло и морков

Со ова „smoothie“ можете да ја подобрите Вашата крвна слика. Цвеклото е еден од најздравите зеленчуци, бидејќи во себе содржи калиум, калциум, магнезиум, железо, натриум, цинк, сулфур, фолна киселина и витамини А, Б1, Б2, Б6, Б12, Ц и Е. Се препорачува негово секојдневно консумирање. Поради тоа, Ви предлагаме да си го подготвите ова smoothie:

2-2

Потребни состојки:

1 шолја вода

½ цвекло

1 зелено јаболко

1 морков

1 лимон

1 банана

Малку ѓумбир

½ кафена лажица ленено семе

3-3

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со парче банана.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.

photos/ mummypages.ie, foodnetwork.com, beetboost.com