Книга на неделата: „Свесно мајчинство“

Свесно мајчинство

Автор: Нада Бучевиќ

Бременоста и мајчинството може да бидат совршен момент за вашиот личен развој! Бременоста не е физички процес. Доколку правилно се доживее, може да стане извонредно духовно искуство. Иницијација на будноста и на свеста. Тоа е вистинското време да почнеме на животот да гледаме однатре. Нашиот внатрешен свет е оној што го креира нашиот надворешен свет. Тоа спознание ги менува од темел сите наши досегашни верувања. Има ли подобар повик од внатрешниот повик што ти го испраќа твоето бебе?

„Ви го пишувам сето она што и самата посакував да го знам за бременоста и за првите денови од мајчинството, но, за жал, таква книга тогаш не постоеше. Токму спротивното, книгите на кои наидував би можеле да се наречат ’Сè што може да тргне погрешно во бременоста‘. Како да немаме веќе доволно стравови, па треба да ни ги сервираат и оние што сè уште не ни паднале на памет. Другиот вид книги на кои наидував беа како медицински прирачник. Некако стерилни и далеку од вистинското искуство на мајчинството.

Барав книга што би го опишала вистинското искуство на жената од нејзиниот внатрешен свет. Барав книга што не ги храни моите стравови, туку ги трансформира во она искуство поради кое бременоста и се нарекува блажена состојба.

Не ја најдов. Затоа сега ја пишувам.

Сакам оваа книга да ви служи во таа насока“, вели за оваа книга нејзината авторка Нада Бучевиќ.

1-1

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.