ЗДОЛНИШТЕ ОД ВЕЛУР ЗА ЕСЕН/ЗИМА

Оваа сезона здолништата од велур можат да станат Вашето омилено парче облека од 70тите години.

Велур е всушност плишан материјал, плетена ткаенина слична на кадифе. Обично се прави од памук, но може да се прави и од синтетички материјал, како полиестер.

За дизајнерите важен е изборот на боја. Тие најчесто избираат класична палета на бои од природно топли нијанси на кафена и зелена, кремава или сенф жолта боја. Но, секако дека на пазарот можете да најдете и здолништа од велур и во други бои.

Ваквото здолниште можете да го искомбинирате со кошула, дебел џемпер или било каква блуза, а на стапалата можете да носите балетанки, салонки или високи или ниски чизми. Во зимскиот период можете да ја искомбинирате и со топол капут.

Можете да ја носите на работа или за денски и вечерни излегувања.

Во продолжение Ви нудиме неколку модели на здолништа од велур:

photos/pinterest.com

 

Е.С.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.