НЕВООБИЧАЕНО ПИКАНТНО „SMOOTHIE“

Ова smoothie има сладок и тропски вкус со мала доза на пикантност. Доколку не можете да набавите чили во прав, тогаш можете да ставите и свежа чили или обична лута пиперка.

2-2

Потребни состојки:

1 ½ свежо цеден јаболков сок

1 шолја вода

2 супени лажици лимонов сок

1 манго

1 кафена лажица чили во прав

2 супени лажици суви гоџи бобинки

3 супени лажици семе од коноп

1 супена лажица мед

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со чили во прав или парче манго.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/fromtherootsblog.com, minimalistbaker.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.