Смело и тренди: „Undercut“ женска фризура

Доколку се одлучите за оваа „undercut“ коса, тогаш Ви честитаме за тоа што сте многу одлучна и храбра девојка. Ваквата потстрижана коса одлично прилега на секој облик на лице.

Треба да знаете дека месечно косата расте од 1,5 до 2 см. Тоа значи дека, доколку сакате да го задржите обликот и должината на потстрижаната коса, треба редовно да одите во фризерски салон. Тоа би значело, максимум на секои три недели. Оваа фризура е одлична бидејќ можете да ја носите на два начина. Секако првиот начин е да се гледа потстрижаната коса, а вториот е таа да биде прикриена. Доколку работите во некоја бизнис компанија, едноставно, префрлете ја косата на другата страна.

Ваквата фризура може да си ја дозволи секоја девојка, без разлика на нејзината должина на коса. Во секој случај ќе биде извонредна.

Интересно е тоа што на ваквата фризура, фризерот може да направи „тетоважа“. Постојат различни дизајни, како: цветови, геометриски облици, апстракција и слично. Дизајните можат да дојдат до особен израз доколку ги обоите во малку поразлична боја, како жолта, зелена, розова, сина и слично.

Во продолжение Ви нудиме неколку идеи:

photos/pinterest.com

Е.С.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.