„Smoothie“ со ореви, банана и ванила…

Со оревите, заедно во комбинација со јогурт и банана може да се подготви вкусно smoothie, кој може да замени еден мини оброк или ужина.

3

Потребни состојки:

1 ½ јогурт со вкус на ванила

½ шолја млеко

2 банани

½ шолја дробени ореви

1 супена лажица мед

½ кафена лажица цимет

4-5 коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со дробен пекан.

На здравје!

 

Е.С.

photos/ blenderrecipes.us, cookingwithmammac.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.