Направи сам: Природна мицерална вода

Откако се појави на пазарот, мицеларната вода стана се побарана и „популарна“. Мицеларната вода е безбојна течност, на база на вода која ја чисти шминката, не се исплакнува и при тоа не остава никаков масен филм на лицето. Но, бидејќи како и секој друг производ за нега кој ќе го купите и мицералната вода во себе содржи одреден број хемикалии, Ви предлагаме сами, во домашни услови да си подготвите мицеларна вода, со природни состојки.

2-2

Потребни состојки:

250мл дестилирана вода

1/8 кафена лажица лецитин, течен или во гранули (од аптека)

½ кафена лажица течен глицерин од билки (од аптека)

½ кафена лажица масло од јојоба/арган/бадем

½ кафена лажица природен течен сапун

Неколку капки масло од лаванда

3-3

Начин на подготовка:

Топлата дестилирана вода се става во стаклена чинија, а потоа се додаваат и останатите состојки. Добро се промешува, а потоа се прецедува на цедалка, во случај гранулите летицин да не се раствориле. Со помош на инка, оваа течност сипете ја во темно стаклено шишенце и добро затворете. Совет плус: доколку имате чувствително лице, Ве советуваме да употребите ружина вода.

 

Е.С.

Photos/ styl.id, ohhelloface.com, stylecraze.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.