Витко тело со омилената игра од детството

Дали сте и Вие една од личностите кои мислат дека децата и младите луѓе, генерално, изгледаат повитко и поздраво? Тоа е така, затоа што тие животот го поминуваат поактивно.

Една игра која сме ја обожавале, а која многу влијае врз витката линија и здравјето е скокањето на јаже.

Освен што ова вежбање е премногу лесно, тоа придонесува во топење на масните наслаги и ја подобрува еластичноста на мускулите. Поради тоа што скокањето на јаже е кардио вежба, значи дека го зајакнува срцето и белите дробови. Во ова вежбање се вклучуваат и рацете и рамената. Одлична е за тренирање на рамнотежата и издржливоста.

Ако не сте физички активни, а сакате да ја практикувате оваа вежба, најпрво започнете со 10 минутно дневно вежбање, за да го избегнете воспалението на мускулите. Потоа, секојдневно додавајте по уште неколку минути.

SLIKA-2

ГАЛА-совет: пред да започнете со вежбање, загрејте се со вежби за одење или трчање во место.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје, претходно консултирајте се со стручно лице.