Брз домашен рецепт за напиток против настинка

Дефинитивно во овој  период кога најмногу настинуваме, знаеме какви непријатни симптоми носи со себе настинката и токму поради тоа предлагаме еден брз рецепт на пијалак кој може да си го подготвите дома. Потребно ви е само:

  • 1 шолја топла вода
  • Ѓумбир (може и ѓумбир во прав, но пола кафена лажичка)
  • Пола исцеден лимон
  • 1 мала кафена лажичка мед

Само измешајте ги сите состојќи во топлата вода и ќе почувствувате сами по вкусот колку се моќни овие состојки комбинирани заедно, за ублажување на непријатните симптоми на настинката.

2-2

Настрана од овој рецепт, дополнително може по желба и консултација со фармацевт или доктор, да консумирате производи од прополис кои ќе ви помогнат за елиминирање на симотомите и зајакнување на имунитетот.

Галапро колекција со прополис, Галафарм
Галапро колекција со прополис, Галафарм

Прополисот е смолеста супстанца која содржи различни видови на смоли, восоци, етерни масла, полен и други органски соединенија. Оваа супстанција има докажано имуностимулативни дејствија. На овој начин, прополисот го заштитува организмот од нападите на патогени микроорганизми и го зголемува имунитетот. Прополисот има антибактериско, антивирусно, антифунгално, антиинфламаторно и антиоксидативно дејство.

*Важно: За сите препораки за здравје, напитоци и исхрана, доколку е потребно или не сте сигурни дали смеете да ги консумирате поради одредена причина или состојба, прво консултирајте се со стручно лице.

 

Б.Д

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.