Правилна нега на стапала

Доколку сте од оние кои имаат проблеми со појава на габични инфекции на стапалата, но и доколку сакате да ја спречите нивната појава во продолжение дознајте на кој начин можете да ги исушите стапалата после бањање.

2

Сушењето на стапалата со пешкир понекогаш не е доволно, бидејќи водата останува неизбришана кај ноктите и меѓу прстите. Ова може да доведе до појава на габична инфекција, бидејќи таа лесно се создава на влажни места или до размножување на веќе настанатата инфекција. По сушењето на стапалата само со пешкир и по облакањето на чорапи, по природен пат стапалата конечно ќе бидат суви по 30 минути.

По излегувањето од туш кабината застанете со нозете на чист пешкир, а со друг пешкир нежно отстранете ја водата од стапалата. Важно е да не ги стругате стапалата со пешкирот, особено меѓу прстите. Земете фен за коса и со средна температура исушете ги стапалата, особено на горенаведените специфични делови. Внимавајте и на пределот под ноктите, бидејќи тој предел особено мора да биде сув.

За дополнителна нега на стапалата користете соодветни производи:

Sensilis колекција за нега на стапала / Галафарм
Sensilis колекција за нега на стапала / Галафарм

 

 

Е.С.

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.

photos/ thespruce.com, ghafla.com