„SMOOTHIE“ – ВИТАМИНСКА БОМБА ВО МАЛА ЧАША

Станува збор за „wellness shot“ односно, витаминска бомба во мала чаша за текила, која е преполна со витамини, минерали, антиоксиданси. Всушност, ова е концентрирано smoothie.

2

Потребни состојки:

½ цвекло со средна големина

5-6 коцки ананас

¼ морков

Начин на подготовка:

Сите состојки излупете ги и исецкајте ги на мали парчиња. Парчињата ставете ги во блендер, без никакви додатоци на вода или млеко. Содржината сипете ја во две чаши за текила. Испијте ја Вашата витаминска бомба и подготвени сте за утрински тренинг.

На здравје!

 

Е.С.

photos/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.