4 „beauty“ производи за во канцеларија

Колкупати до сега Ви се има случено да Ви е потребна корекција на шминката или чешлање на косата во текот на работното време? За да можете да изгледате свежи во текот на смената, Ви ги претставуваме производите кои кои можете да ги понесете со вас во канцеларија.

Парфем и антиперспирант. Поради промена на температурата или напорната работа, честопати се случува да се испотите, па токму поради тоа, во шкафчето секогаш мора да имате парфем и антиперспирант што ќе можете да ги користите, односно да се освежите секогаш кога тоа е потребно.

Сет четка за коса и огледало. Со помош на овој производ Вие секогаш и во секое време ќе можете да си ја поправите шминката и фризурата.

1-1

Лак за нокти. Доколку се излупи бојата на некој нокт, што обично се случува пред некој важен состанок, секогаш треба да имате на дофат лак за нокти со кој ќе можете да ја корегирате бојата.

Пудра, туш за очи и кармин. Секако дека во текот на смената шминката ќе почне да ја снемува од Вашето лице или ќе почне да се размачкува, па секогаш покрај Вас имајте си ги основните производи за разубавување.

 

Е.С.

photos/ levo.com, thegrindstone.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.