Моменти кога кафена маскара е подобра од црна

Кога станува збор за маскара, убедени сме дека најголемиот број од жените употребуваат црна маскара и веројатно се прашувате кој всушност употребува кафена маскара. Но, ова се приликите каде кафената маскара е подобра од црната:

Ако имате кафени очи. ако имате кафени очи, кафената маскара е одлична можност да ја акцентирате нивната богата чоколадна боја. Во секојдневната рутина внесете ја и кафената маскара и очекувајте многу комплименти.

Кога ќе станете блондинка. Доколку сте блондинка, Ве советуваме црната маскара да почнете да ја употребувате само за вечерни излегувања. Кафената маскара започнете да ја употребувате за денски прошетки или за на работа или училиште. Кафената маскара нема да делува премногу контрасно за Вашата бледа боја на коса. Истото важи и за оние кои се природни блондинки и имаат светла боја на очите.

За нагласување на долните трепки. Никако не ги запоставувајте долните трепки. Секако дека фокусот паѓа на горните трепки, но заокружете го убавиот изглед на очите со нанесување на маскара и на долните трепки.

2-2

За дневен изглед. Доколку сакате да имате што поприроден дневен изглед кафената маскара е совршена за Вас. Вака можете да изгледате за на училиште, факултет, за на работа или за дневни прошетки.

За изглед „без шминка“. Трендот на шминкање во моментов е со помош на шминка да постигнете изглед „без шминка“. Токму поради тоа, кафената маскара е полн погодок за постигнување на овој „nude“ изглед.

Е.С.

 

photo1/

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.