ИДЕАЛЕН КАПУТ СПОРЕД ГРАДБАТА НА ТЕЛОТО

Тело во облик на јаболко. Телото има округол облик во пределот на трупот, особено во горниот дел кај рамената и градите. Токму поради тоа, Вам Ви е потребен поширок модел на капут, односно капут кој не е струкиран. На капутот можете да додадете колан, кој ќе овозможи визуелно потанка половина.

2-2

Тело во облик на круша. Телото има тесни рамена, мали гради и многу пошироки колкови од рамената. Доколку имате ваков облик на тело, за Вас совршен е оној капут кој има рамен крој и капуљача. Одлично би Ви стоеле и модели на капути кои имаат војнички крој.

3-3

Тело во облик на песочен часовник. Телото има широки колкови и рамена, а многу танка половина. На овој облик на тело одговараат сите капути кои се струкирани. Токму поради тоа, треба да бирате капути кои имаат колан или капути кои имаат изразена струкираност. Во спротивно, доколку одберете капут кој не е струкиран, ќе ризикувате да изгледате пополни отколку што сте.

4-4

Тело во облик на превртен триаголник. Телото има широки рамена и грб, мали гради и двојно потесна половина од рамената. И кај оваа градба на тело одговараат капути со изразена струкираност. Пожелно е да имаат А крој.

Совет плус: Кај сите капути многу важна е должината, бидејќи таа влијае врз целокупниот изглед. Токму затоа, доколку имате куси нозе, одберете и кус модел на капут и обратно, доколку имате долги нозе, одберете долг модел на капут.

1-1

 

Е.С.

photos/pinterest.com

 

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.