НАПРАВИ САМ: СПРЕЈ ЗА РАСЧЕШЛУВАЊЕ НА КОСА

Доколку Вашата коса е подложна на плеткање на влакната и создавање на чворови, кои притоа тешко се расчешлуваат имаме решение за Вас.

Не морате да трошите пари на купување скапи спрејови за расчешлување на косата, туку можете да си го подготвите сами во домашни услови и со природни состојки. Ваквиот спреј слободно можете да го употребите и за расчешлување на детската коса. Одличен е за оние кои имаат осетлива кожа на главата.

2-2

Потребни состојки:

5 супени лажици дестилирана вода

1 супена лажица гел од алое вера

½ или 1 супена лажица глицерин од билки (аптека) – доколку имате масна коса употребете ½ лажица, а доколку имате сува коса употребете 1 лажица

10 капки етерично масло од лаванда

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во шишенце со пумпица и добро промешајте. Би требало да добиете околу 120 мл течност. Шишенцето чувајте го на собна температура.

Овој раствор се нанесува непосредно пред расчешлување на косата. косата треба да биде сува пред да го напрскате.

 

Е.С.

 

photos/ greenpeople.co.uk, thethingswellmake.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.